(ВИДЕО) Нелоски: Од каде им се на СДСМ над 1 милион евра да платат за рекламирање и обид за вршење поткуп и наклонетост на медиумите?

Од:

„СДСМ свесни за својот неуспех тргна во скапо платена кампања за да ги изманипулира граѓаните.

Замислете, во време кога државата тоне и е презадолжена, кога граѓаните се на работ на егзистенцијата, СДСМ во кампања во националните медиуми според пазарната вредност од единствениот сервис за мерење на медиумите за рекламирање плаќа повеќе од 1 милион евра за период од 2 недели, односно од 10 до 23 декември.

Главното прашање е: Од каде им се на СДСМ над 1 милион евра да платат за рекламирање и обид за вршење на поткуп и наклонетост на медиумите?

Дали можеби овие пари им се од Луј Витон торбите и од „Рекет“, праша Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако се земе во предвид дека СДСМ годишно зема околу 900.000 евра преку државното финансирање на партиите, на кој начин ќе ги сервисира останатите пари кои што ги троши? Ако за оваа кампања потрошила 1 милион евра.

СДСМ во просек секој ден од 10 декември до 23 декември трошеле по 100.000 евра.

Само за споредба едно просечно македонско семејство за еден месец троши 200 пати помалку и месецот го поминува со 500 евра.

Лицемерно е СДСМ да говорат за богати партии, кога самите докажуваат дека се најбогатата партија во регионот која што троши 100.000 евра дневно за рекламирање.

Се повеќе е јасно каде завршуваат тендерите кои секојдневно ги објавуваме во јавноста.

СДСМ врши класичен обид за поткуп на секој можен начин на медиумите и врши класична манипулација на граѓаните.

Република Македонија тоне на секое поле и затоа СДСМ троши милионски суми за извртување на реалноста.

Одговорност за се мора да има и ќе има после изборите.

Република Македонија конечно мора да тргне напред, а СДСМ да докаже од каде им се над 1 милион евра за кампања потрошени за само 2 недели“, изјави Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски