(ВИДЕО) Нелоски: Лагата на Заев дека мерките на Владата ќе ја закрепнат економијата е исто како лагата дека од Арачиново ќе има 300 пилоти

Од:

„Лагата на Заев дека мерките на СДСМ ќе имаат ефект за закрепнување на економијата е иста со онаа лага дека од Арачиново ќе има 300 пилоти.

Едно е исто и тогаш и сега, време е за избори, а Заев ветува што ќе му текне на памет. Ниту тогаш исполни, ниту пак сега ќе исполни. Исто како што нема 600 километри автопат, 500 евра плата, 100.000 денари плати за лекарите, исто како што не ги врати младите туку напротив ги исели.

Три години со Заев, три години живот со лаги“, рече Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и СДСМ вчера најавија дека со парите на сите нас, граѓаните на Република Македонија, ќе трчаат на избори и ќе вршат поткуп на гласачи, начин на кој мислат да го ублажат неминовниот пораз.

Мерките кои што ги најавија се мерки за еднократен поткуп на гласачи, тие не им помагаат ниту на граѓаните ниту на фирмите, и тие нема да имаат ефект за заживување на економијата. Дополнително треба да знаеме дека тоа се пари кои ги немаме, односно треба да ги позајмиме и да ги задолжиме идните генерации.

Само до сега од јануари до април 2020 година долгот е зголемен за нови 200 милиони евра, колку што изнесува буџетската дупка. Оваа неспособна влада до крајот на годината планира да се задолжи и до 1.3 милијарда евра, пари кои ќе требаат за да се закрпат дупките од неспособното и криминално работење на власта.

Дополнително мерките за стопанството се одложени за септември, а служат само како најава за залажување на фирмите дека некаква помош ќе има.

Над половина од вработените во секторот угостителство кој број над 33.000 лица се привремено без работа, илјадници работници имаат намалени приходи, голем број на семејства мака мачат со својата егзистенција.

Досегашните мерки немаа ефект нема да имаат ни овие, затоа што се доцна проектирани и не се преземаа на време, кога апелиравме. Затоа потребна е итна стратегија за Обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ има план за Македонија, за заживување, обнова и воспоставување на морален кодекс.

СДСМ има план за лажење, крадење и криминал.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија“, изјави Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски