ВИДЕО: Неделава се отвораат трговските центри, следната рестораните

Од:

Оваа недела во функција се враќаат затворените трговски центри, центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници на органи за управување и конференции, автошколи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено, индивидуални спортови како тенис и спортски и други обложувачници, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Трговските центри ќе се отворат, но оваа недела не смеат да нудат угостителски услуги, а обложувачниците ќе работат само преку шалтер.

„Сето ова е согласно критериумите препорачани од Комисијата за заразни болести. Сите субјекти мора да се придржуваат до дистанцата, носењето на заштитни материјали и одреден број на присутни во локалите односно на местата. По следењето на епидемиолошката состојба откако ќе се вратат во функција сите овие економски оператори следната недела во предвид е да се препорача и отворање на угостителските објекти со послужување, спортските тренинзи на отворено за колективните спортови и повторно после епидемиолошката анализа и следењето на состојбата неделата што следува после оваа, игрите на среќа во казина, автомат клубови , тренинзи во затворени спортски објекти и базени, работа на теретани и фитнес клубови и хотелски објекти“, најави министерот Филипче.

Овој план Комисијата за заразни болести денес ќе го поднесе до Владата и за него Владата дополнително ќе расправа. Помеѓу примената на сите овие препораки детално ќе се следи епидемиолошката состојба во земјава

Денес беа регистриран десет новозаболени од коронавирусот, а Комисијата за заразни болести ја оценила состојбата со вирусот кај нас како стабилна.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска