(ВИДЕО) Не се чувствуваме безбедно – протест во Градската болница „8 септември“

Од:

Лекарите и медицинскиот персонал од Општата градска болница „8 септември“ денеска од 13 до 14 часот протестираа пред влезот на болницата за да изразат револт од инцидентот кој се случи во петокот кога роднини и пријатели на лице што почина кршеа врати и инвентар во болницата.

Тие бараат заштита зошто секојдневно се наоѓаат под притисок на психичко и физичко насилство.

Ова е мирен протест да го изразиме незадоволство од нашата безбедност посебно на дежурства во ноќните часови, постојано има вербални и физички напади, не е прв настан, многу имало претходно за кои не сме изреагирале. Секојдневно има напади на медицински сестри и на шалтери, сето тоа не го оправдува таквото постапување. Сите сме под јак стрес, бараме решение за проблемот зошто не се чувствуваме безбедно при нашата работа, изјави Наташа Канакушовска, претседател на Синдикалната организација.

Индицентот што се случи во петокот не е прв кога лекари биле нападнати поради вознемирени роднини на пациенти, а поради се полошите услови за работа многу лекари и медицински персонал заминале во странство.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски