(ВИДЕО) Не сакам Мартин Протоѓер да ми диктира вести

Од:

Уставно право на граѓаните е да бидат информирани, но наши колеги новинари наместо да им служат на граѓаните, одлучија да им служат на разни партиски центри на моќ, порача вечерва, новинарката Ида Протуѓер, на отворената сцена во антивладиниот камп.

– Не се согласувам Мартин Протоѓер да ми ги диктира вестите, не се согласувам да сум во некое тефтерче на Јанкуловска. Не сакам да тргувам со слободата. Таа носи одговорност. Јас сум овде во овој камп за да ја освоиме слободата, зашто сакам кој и да дојде на власт – да можам да го критикувам и како новинари да му служиме на народот, рече таа.

Ида Протуѓер порача дека не смее веќе да им се дозволи на една група клептократи да ја украдат целата држава.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата