(ВИДЕО) Наумов: Ќе гледате на бројчаник како ги враќаат вашите украдени пари

Од:

Во посета на историско Крушево денеска e претседателот на Комисијата за финансии и дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов заедно со претседателот на Комисијата за образование, Петар Атанасов и претседателот на Комисијата за здравство Гоце Чакаровски.

„Крушевчани велат дека не и веруваат на пропагандната машинерија на Груевски за наводни 600 вработувања на ден“, соопштуваат од СДСМ.

„Повеќе веруваме дека има 600 иселувања на ден отколку вработувања“, загрижено коментираат граѓаните коишто се жалат дека домовите им се празни бидејќи нивните деца се низ светoт по работа.

„Со години криминалот на Груевски и на фамилијата го кријат медиумите под нивна контрола затоа што нивната послушност била платена со 20 милиони евра ваши пари, пари на граѓаните! Затоа без слободни медиуми и без услови за фер медиумско известување не може да има избори на 24-ти април“, зборуваше Наумов со граѓаните од Крушево, образложувајќи ги уште еднаш позициите на СДСМ за шверцерски закажаните избори на 24-ти април од страна на власта.

naumovgragani (3)

Наумов рече дека министрите и дополителните заменици министри од редовите на опозицијата почнаа да ги откриваат криминалите на власта и оттаму е стравот на Груевски и власта во заминување, бидејќи во МВР конечно се воспоставува систем којшто ќе ги штити граѓаните од криминалците, а не обратно.

Граѓаните на Крушево се запознаени со задолжувањата коишто Ставрески и Груевски ги прават на тoвар на идните генерации и прашуваат како државата може да се справи со високиот јавен долг од над 4 милијарди евра, пишува во соопштението на СДСМ.

naumovgragani (4)

„Оваа расипничка власт не може една недела да издржи без задолжување. Секојдневно не задолжуваат со нови 3 милиони евра. Секое четиричлено семејство во Македонија Груевски и Ставрески го задолжија со 8.000 евра. Украдените пари ќе ви ги вратат, бројчаник ќе врти и ќе гo покажува тоа!“ го заврши своето обраќање пред крушевчани дополнителниот заменик министер за финансии и претседател на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов.

naumovgragani (1)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски