(ВИДЕО) Наумоски: Ни во најцрните денови на национализацијата го немало ова што владата го прави денес во Дебар Маало

Од:

Фронтот против неуставната одлука на владата, спорните парцели во општина Центар и Дебар Маало да ги прогласи за земјиште од посебен интерес, се шири.

Како што соопшти денеска на прес-конференција Никола Наумоски од “Плоштад Слобода“, зад претставката до Уставниот Суд за оценување на уставноста и законитоста на спорните парцели, застануваат општина Центар, “Плоштад Слобода“, левичарското движење “Солидарност“, “Хелсиншки Комитет“, иницијативата “8-ми Септември“ и две еколошки организации.
Тој ги повика и другите да се приклучат кон оваа иницијатива.

“Она што сака владата да го направи е против-разумска политика. Се работи за ‘силување’ на градот и за одземање на ингеренциите на градоначалникот на општина Центар. Власта контролира околу 97% од општините во Македонија, а со закани, со полиција и инспектори сега им ги одзема ингеренциите и на општина Центар. Жртва на сето ова се граѓаните. Со одлуката на владата, земјиштето на четирите спорни парцели да го прогласи за земјиште од посебен интерес, ја разграбува туѓата сопственост. Ова го немало ни во најцрните денови на национализацијата и дури и тогаш имало образложение зошто го прават тоа. Во сите општини владата може се’ да прогласи за посебен интерес и да гради хациенди, гусарски бродови, хотелски комплекси, без да даде образложение. Со ова ќе го тестираме Уставниот Суд, дали може да изгласа нешто што е во интерес на владата, а спротивно на интересите на граѓаните“, рече Наумоски.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски