(ВИДЕО) Наташа Петровска: Битола ќе добие Градски пазар каков што заслужуваат сите

Од:

Кандидатот за градоначалник на Битола Наташа Петровска и кандидатите за советници во општинскиот Совет од редовите на СДСМ и Коалицијата, денеска остварија средби со битолските пазарџии, угостители, занаетчии од Старата битолска чаршија и дуќанџии во овој град.

Секогаш со мерак сум влегувала во битолскиот Пазар за да пазарам квалитетни производи бидејќи на битолскиот пазар има квалитетни земјоделски производи, посочи Петровска.

– За жал секогаш од пазарот сум излегувала огорчена гледајќи во каква состојба е битолскиот пазар. Тоа што не ми се допаѓа сега но и во минатото е динамиката со која работела локалната самоуправа за квалитетен пазар. Ветувам дека со многу побрза динамика Битола ќе добие пазар каков што заслужува. Пазар во кој комотно ќе се чувствуваат пазарџиите но и граѓаните што купуваат, оние кои во зима ѕемнат, а во лето ги трпат горештините продавајќи ги своите производи, истакна Петровска.

На прес конференцијата што се одржа во централниот градски пазар кандидатот за градоначалник на Битола Наташа Петровска и кандидатите за членови на општинскиот Совет од СДСМ и Коалицијата за попладне најавија средби со граѓаните во урбаните и месните заедници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски