(ВИДЕО) Наставникот Николески кон Владата: Лоши сте и лошо му правите на народот

Од:

Професорот по историја, Ристо Николески, како претставник на Настанички пленум, денеска пред Владата рече дека е жално како се однесува Владата кон своите граѓани, и дека е жално она што го изјави вицепремиерот, Владимир Пешевски, за средношколците.

– Само лик полн со омраза може да зборува со сарказам против учениците – рече тој.

Тој рече дека Владата е глува и нема на барањата на образовните работници и на нивните ученици. Потсети дека не беа задоволени барањата на наставниците за повисоки плати и за промена на екстерното оценување, а дека сега се прават обиди да се дискредитираат барањата на средношколците.

Наставникот ја прокоментира пасивната состојба на граѓаните да не се изборат за сопствените права во услови кога им се сериозно загрозени.

– Кај нас владее дека никој не може ништо да промени, ниту помладите. Секој за секого зборува, но никој ништо не прави. Како да го надминеме тоа? Јавна тајна е зошто протестите не можат да станат масовни. Во образованието се вработуваат луѓе преку партиска книшка, а не со знаење. Тоа е најголемиот проблем и е јавна тајна – рече тој.

Николевски се осврна на спомениците кои ги подигна оваа Влада и праша зошто се подигнати.

– За ова што се прави, што се градат споменици, зошто ни го правите тоа. Лоши сте и лошо му правите на народот. Оставете не да си ги браниме своите права, оставете ги институциите слободно да работат – порача тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски