(ВИДЕО) Наставниците излегоа на протест и покрај заканите

Од:

Со транспаренти на кои пишуваше “Училиштето не ваша лабораторија, учениците не се заморчиња“, „Наставничке што имаме за денес? Инспекција, деца!“, “Вратете ни го достоинството“, „Ние ја создаваме иднината“, извикувајќи „Доста беше молк“ и “Гласот на наставникот“, наставници и професори од основни и средни училиште од протестираа против реформите во образованието, начинот на спроведувањето на екстерното оценување, и како што рекоа, тоа што ги ставаат на столбот на срамот, објавувајќи ги имињата на наставниците на спискот на најдобри и најлоши наставници како резултат на екстерното оценување.

Голем дел од наставниците и професорите трпеле притисоци да не дојадат на протестот, на дел им се заканувале дека ќе бидат отпуштени од работа или преместени на други места.

Како што кажаа не им било дозволено протестот да го организираат во работен ден па затоа морало тој да се одржи во недела.

Додека на средношколците што сакаа да излезат на протест против неквалитетните реформи во образованието им ги заклучувале вратите од училиштата, на наставниците им се вршел континуиран притисок да не протестираат.

– Ги притискаа колегите, да не доаѓаат на протестот зашто реформите биле добри, а сами гледаме дека реформите не се добри. Имаше вербални притисоци, вели Владо Димовски, наставник. Тој објаснува дека по штрајкот на почетокот на второто полугодие, под раководство на СОНК, против лошите реформи, штрајкот мирно го прекинале сакајќи да покажат дека се за поквалитетно образование, не за штрајкови и бојкотирање на наставата.

– Она што потоа се случуваше од 15 март е дека имаше страшни притисоци кај одредени колеги, имашше контраштрајкувачи и како Наставнички пленум се организиравме само за две недели. Се обидовме да се организираме во работен ден, бидејќи не е ослободуваа, се обидовме мирниот протест да го организираме во сабота, па во голем дел од училиштата воведоа работна сабота, за да не можеме да се собереме во Скопје. Ние сме против екстерното оценување кое се спроведува само делумно, кое се спроведува само делумно, не се спроведува целосно, во руралните средини немаме екстерно тестирање, немаме интернет, немаме струја во училиштата, немаме услови каде тоа да го направиме, рече Димовски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Спојувањето предмети е како хирурзите да гаснат пожар, а пожaрникарите да работат во конфекција – протест на наставниците

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

Вакцинирани околу 75 отсто наставници, околу 2 отсто ученици следат онлајн-настава

Катерина Ѓуровски

Засега немаме начин да ги натераме наставниците да се вакцинираат, вели заменик-министерот Шабани

Жарко Настоски

Дер Шпигел: Наставници од ризични групи принудени да одржуваат настава во училиште

А1он

Наставнички пленум: Каде згрешивме?

Емир Латифовиќ