Признанија за 13 најдобри просветни работници во Македонија

Од:

На тринаесет најдобри наставници од предучилишното, основното и средното образование во учебната 2025/2026 година денеска им беа доделени признанија по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, кој беше одбележан од Сојузот на просветните работници и Министерството за образование и наука.

Признание за најдобар просветен работник во предучилишното образование доби Клементина Петрушевска, воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во Кисела Вода. Во одделенска настава во основното образование за најдобри наставници се прогласени Соња Трифуновска од ОУ „Гоце Делчев“ – Тетово, Виолета Поповска од ОУ „Вера Јоциќ“ – Гази Баба, Габриела Мерџаноска од ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар, Ксенија Николова од ОУ „Гоце Делчев“ – Босилово и Весна Тодоровска-Унковска од ОУ„Партенија Зографски“ – Кисела Вода.

Во предметна настава признанија добија Томе Китановски од ОУ „Гоце Делчев“ – Василево, Бојанка Џипунова-Ташова од ОУ „Васил Главинов“ – Велес, Вера Зороска од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, Оливера Шиклеска-Грозданова од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола и Благица Чатлеска од ОУ „Гоце Делчев“ – Прилеп.

Во средното образование за најдобар наставник е избран Никола Делевски од Регионалниот центар за стручно образование и обука „Никола Карев“ – Струмица, а постхумно признание му беше доделено на Слаѓан Станковиќ-Битрак, кој беше дел од наставниот кадар во СОУ „Наце Буѓони“ – Куманово и „Математичко-информатичка гимназија“ во Скопје.

Признанијата ги доделија министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и претседателката на Сојузот на просветните работници, Жаклина Ристовска, кои им го честитаа празникот на сите наставници, изразувајќи благодарност за споделувањето на знаењето, трудот, трпението и посветеноста во процесот на обликување на младите.

Би можело да ве интересира

Нема да се намали бројот на паралелки во Кочани, наставниците се враќаат на работа

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Јаневска: МОН направи анализи и не очекуваме наставниците да останат без часови

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

ВМРО – ДПМНЕ: Безобразно е СДС да бара покачување на платите на наставниците