(ВИДЕО) Наставниците го информираа Орав зошто се протестира во образованието

Од:

Петмина членови од Наставничкиот пленум денеска се сретнаа со евроамбасадорот Аиво Орав на која го запознале европскиот дипломат со проблемите кои ги имаат тие како пленум во системот на образованието, притисоците од Министерството за образоавание и одредени директори на училиштата.

Тие на Орав му ги пренеле и своите видувања за поквалитетно образование, а се разговарало и за причините за формирањето на пленумот, несогласувањето со СОНК и со Министерството за образование и наука. Преставниците на наставничкиот пленум го известиле евроамбасадорот за нивните следни чекори но и му посочиле дека средношколците ја имаат нивната безрезервна поддршка.

-Нашите барања во однос на полагањето државна матура и екстерното тестирање се идентилни како оние на средношколците. Ние сме постојано со нашите ученици и дене и ноќе.

МОН кон нас има еден игнорантски однос иако помина повеќе од еден месец од нашиот протест и доставените наши барања кон нив. Денеска не ни беше ветено ништо и не разговаравме или пак баравме некакви ветувања. Сакавме само да го запознаеме за нашите проблеми и за тоа што ќе сториме во иднина. Нашите барања се исти како и тие на средношколците кои со денови кампуваат и протестираат пред МОН. Се ближи екстерното тестирање и нема време веќе одлагање. Не ја знаеме причината за нивниот молк. Денеска со Орав не разговаравме дали е задоволен од тоа дали ние или средношколците сме добри, туку само го запознавме, рече по средбата со Орав, професорот Владо Димовски од Наставничкиот пленум.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Спојувањето предмети е како хирурзите да гаснат пожар, а пожaрникарите да работат во конфекција – протест на наставниците

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

Вакцинирани околу 75 отсто наставници, околу 2 отсто ученици следат онлајн-настава

Катерина Ѓуровски

Засега немаме начин да ги натераме наставниците да се вакцинираат, вели заменик-министерот Шабани

Жарко Настоски

Дер Шпигел: Наставници од ризични групи принудени да одржуваат настава во училиште

А1он

Наставнички пленум: Каде згрешивме?

Емир Латифовиќ