ВИДЕО: Насилството врз сексуалните работници треба да престане

Од:

Оваа година за прв пат се организира Скопје ред лајд дистрикт, еден уметнички перформанс со цел на скопјани и на граѓаните на Република Македонија да им го доближиме шармот на улицата на Црвените фенери во Амстердам, рече Борче Божиновски, претседател на граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“.

– Самиот настан е дел од Деновите против насилство врз сексуалните работници коишто ги започнавме вчера со предавањето на антропологот Лора Аугустин, а ќе ги завршиме утре со Маршот на црвените чадори, што се организира по 10-ти пат, оваа година.

– Пораката како и секоја година е иста, насилството врз сексуалните работници треба да престане, притоа бараме мерки од самата полиција, од надлежните институции. Наместо да ги маргинализираат и социјално да ги исклучуваат сексуалните работници, да преземат мерки кон нивна заштита, пред се од насилство.

– Сексуалните работници во Македонија се соочуваат со насилство од различни страни, клиенти, случајни рекетари, насилници, многу често и полициски службеници. Наместо да пружат заштита од насилство, многу често се закануваат, ги уценуваат, имаме документирани случаи кога полициски службеници силуваат сексуални работници, изнудуваат бесплатни сексуални услуги, а има и физичко насилство, велат од невладината СТАР-СТАР и коалицијата за заштита на сексуалните права на маргинализираните заедници.

Барањата се едноставни, полицијата, другите органи, како Јавното обвинителство и Народниот правобранител да преземат конкретни мерки за заштита на сексуалните работници.

Би можело да ве интересира

Марш на црвените чадори: Потребно итно донесување нови правни рамки за регулација на сексуалната работа

Ана Ололовска

Со измените на Кривичниот законик ќе бидат опфатени и сексуалните работници

Под мотото „Црвениот фустан добро ми прилега“ одбележан Меѓународниот ден на сексуалните работници

Холандија се враќа во нормала, сексуалните работници продолжуваат со дејноста

Жарко Настоски

ВИДЕО: Девојките од излозите го „запалија“ Скопје, три часа со еротски танц ја држеа публиката пред Универзална

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Скопјани на колена пред разголените танчерки

Маја Илиевска-Пачемска