ВИДЕО: Наместо продавачите во моловите, во недела ќе одмораат само вработените во казината и обложувалниците

Од:

Законските измени кои беа поттикнати од работниците кои работат во неделите и празниците, им донесоа неработна недела само на казината и обложувалниците.

Сите продавници и супермаркети во моловите и понатаму ќе работат во недела, а исто така и кафулињата и рестораните.

Во недела ќе продолжат да работат и дуќаните во кои работникот всушност е и газда. Па така доколку станува збор за трговец поединец, тој има право и понатаму да работи во недела доколку така одлучи, што ја решава дилемата дали продавниците на „Пластичарската улица“ ќе работат во недела.

Единствени кои нема да работат во неделите се обложувалниците и казината, од каде веќе предупредуваат дека неработната недела ќе доведе до отпуштање на 30 отсто од работниците во овие сектори.

Горан Стоименов од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа бара на работодавачите да им се дозволи сами да одлучат дали ќе работат во недела.
Тој вели дека тие се обиделе нивниот став да го претстават и образложат пред јавноста и институциите, но тие останале глуви на нивните барања.

Васко Илијевски од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија вели дека неработната недела негативно ќе се одрази врз работата на овој сектор, бидејќи најголемиот дел од спортските натпревари се одржуваат токму во викендите.

Со законските измени се предвидува од 1 октомври, во неделите да работат само оние дејности кои се неопходни за функционирањето на општеството.
Од Владата велат дека нема простор за злоупотреби на правото недела да биде ден за одмор, бидејќи помошните и придружните дејности кои и понатаму ќе продолжат со работа во неделите ќе бидат утврдени со подзаконски акт.

Законските измени со кои се предвидува неделата да биде неработен ден за 92 отсто од работниците беа усвоени од Владата и сега на ред е тие да бидат разгледани од пратениците во Собранието.

Би можело да ве интересира

Неработната недела во Хрватска дочекана на нож, многумина се надеваат дека ќе падне на Уставен суд

Предраг Петровиќ

Уставниот суд не донесе одлука за „работа во недела“

Во Чаир казни за 12 продавници кои работеле во недела

Бектеши: Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

А1он

Министерството за економија достави до Собранието предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50% повисока дневница

Ана Ололовска