ВИДЕО: Наместо најстариот пратеник, Вељаноски претседава на седницата

Од:

И покрај барањето на поголемиот дел од партиите конститутивната седница да ја води најстариот пратеник, правата седница на новиот пратенички состав ја отвори Трајко Вељаноски.

Според Оливер Спасовски од СДСМ, во деловникот пишува дека седницата треба да ја води најстариот пратеник.

– Не требанда претседава Вељаноски, треба најстариот пратеник. Продолжувате да го кршите деловникот, рече Спасовски, на што Вељаноски кратко одговори дека има разлика меѓу деловникот и праксата.

Собранието го избра Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на комисијата за избори, а конститутивната седница ќе продолжи по паузата, во 14:30 часот.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик