(ВИДЕО) Налбанти: Нудиме сет на мерки за развој и поддршка на микро и малите бизниси

Од:

„Македонија е презадолжена земја и непотребно понатаму да се презадолжува. Новото интерно задолжување од 74 милиони евра и реакцијата на министерот Ставревски, како и премиерот Груевски, со најава за каснење на пензии, плати, субвенции е само обично заплашување на граѓаните, без никаква реална основа.

Зоран Ставревски на 24.11.2015 година изјави дека со задолжување од 270 милиони евра, земени преку обврзница, се покриваат потребите на буџетот за тековната и за 2016-та година и дека буџетот е во одлична кондиција“, рече Јован Налбанти, ОО ЛДП Битола.

„ЛДП ги потсетува граѓаните дека Македонија има надворешен долг од околу 6,2 милијарди евра, а само јавниот долг, според проценките, се приближи на 4,5 милијарди евра, односно секој граѓанин на Македонија должи околу 2.300 евра или четиричлено семејство – околу 9000 евра.

ЛДП, како дел од опозиционата коалиција, се залага за политика на константно намалуваење на задолжувањето и буџетскиот дефицит на државата преку политика на паметно раздолжување и задолжување и евентуално задолжување само за инфраструктурни објекти од сферата на енергетиката, сообраќајот и екологијата.

ЛДП има подготвено сет на мерки и политики за одржлив развој на микро и малите бизниси, но за тие мерки јавноста ќе биде дополнително информирана, тогаш кога и официјално ќе станат дел од изборната програма на ЛДП. Воедно, убедени сме дека истите ќе бидат дел од програмата на новата влада“, Јован Налбанти, ОО ЛДП Битола.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски