(ВИДЕО) Најчевска: ДПМНЕ не си ги почитува сопствените институции, можни се нови избори во април

Од:

Непочитувањето на одлуката на суд е веќе непочитување на институциите кои што се уште се институции на актуелната владејачка структура, нема смисла ДПМНЕ да не прифати нешто што е законски и што е донесено од институција која е дел од владејачката структура, вели за А1он професорката Мирјана Најчевска.

Според неа, нелогично е ако ВМРО-ДПМНЕ стане опозиција, можно е да излезе надвор од Собранието, бидејќи како партија која добила повеќе гласови ќе добие шанса да формира Влада.

– Ако ДПМНЕ не успее да ја формира, тоа си е само повторно дел од онаа формална законска процедура на давање можност на наредниот кандидат. Она што го имаа СДСМ како изговор за излегување, ДПМНЕ го немаат, заради тоа што се спроведени избори кои што тие во основа ги признале, спроведени се избори во кои освоиле многу голем дел од гласовите и им била дадена можност да формираат Влада. Ваквиот изговор не верувам дека би наишол на прифаќање од голем број од граѓаните кои веќе се уморни од сите овие игри, рече Најчевска.

Таа вели дека се можни нови избори кои би се поклопиле со изборите во април наредната година доколку има големи немири, бидејќи како што вели, ВМРО-ДПМНЕ е уличарска партија која се чувствува многу комотно по улиците.

– ДПМНЕ во суштина не знае што да направи кога е на власт, некогаш подобро и ништо да не направи затоа што кога ќе направи ги расипува работите од претходно, меѓутоа нови избори најверојатно се логичен крај на големи немири доколку дојде до такво нешто. Сметам дека луѓето веќе се уморни од политика, од несигурност, од тапкање во место па дури и назадување и не сум сигурна дали толку со леснотија ДПМНЕ може да ги поттикне на излегување на улица, вели Најчевска.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во саботата пред приврзаниците на неговата партија кои беа носени од целата држава да протестираат пред Државната Изборна Комисија во својот заканувачки проглас истакна дека ако има прегласување, партијата нема да учествува на истото и нема да ги прифати резултатите.

– Нема да дозволиме аболицираниот криминалец Зоран Заев да формира Влада со фалсификувана волја на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана волја на граѓаните и функционирање на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните на Република Македонија, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226