(ВИДЕО) Најчевска: Ако треба со многу порадикални средства ќе ги спречиме изборите

Од:

Ако треба и со многу порадикални средства ќе бидат спречени изборите, заради тоа што станува збор за нужна одбрана на Уставниот поредок, вели за А1он универзитетската професорка Мирјана Најчевска.

Според неа, со одлуката за избори на ВМРО-ДПМНЕ иако на избирачкото ливче тие ќе стојат како една партија, насилно се рушат Уставниот поредок и темелите на демократската држава, а граѓаните имаат право да ги одбранат тие темели.

– Не може да има избори, бидејќи само една партија излегува во изборниот процес. Прашање е дали ќе има гласање или не. Постои некоја желба да се изврти целата идеја дека ВМРО-ДПМНЕ не одат на вистински избори, туку на своевиден референдум, но тоа е многу големо извртување на вистината, бидејќи и распишувањето на референдумот, начинот на поставување на прашањето и начинот на кој што луѓето можат да се изјаснат е сосема различно од она кое се однесува на изборни активности, некој вид на избирање на оној кој ќе ги претставува граѓаните и слично, така што не верувам дека може да има ни гласање, затоа што има доволен капацитет кај граѓаните, затоа што сметам дека е веќе стигнат до некое критично ниво на бројност на луѓе кои не се спремни да дозволат некој да си игра со нив, смета Најчевска.

Таа вели дека нејзиниот став уште од почетокот бил да нема преговори, бидејќи за да има преговори, треба да има елементарно разбирање.

– Во случајов нема таква рамноправност затоа што од другата страна се наоѓаат луѓе кои што едноставно треба да бидат судени и осудени и не гледам зошто со нив би имале преговори, може да има спогодување како што има и во рамките на една кривична постапка, па ако некој криминалец сака да го признае делото да се направи спогодување за помала казна, но никако преговарање, затоа што преговарањето носи до потпишување на уште една тоалет хартија која нема апсолутно никакво значење за другата страна, па за нив немаат никакво значење уставот и законите, зошто би мислеле дека ќе има значење некакво парче хартија каде што го ставиле својот потпис, вели Најчевска.

Според универзитетската професорка, Груевски единствено се обидува да добие некој адут, со што ќе може да тргува единствено за своја лична корист.

– Не знам дали може воопшто да има епилог на нешто вакво, заради тоа што самата одлука веќе не е ни правно издржана, неуставна, нелогична, туку едноставно е бесмислена. Бесмислено е да се зборува за само еден кандидат, односно за само една политичка опција, политичка структура како кандидат. Уште поголем бесмисол е оној кој што веќе е на власт, значи ја има власта во свои раце, сега се бори да ја освои власта, значи нема никаква елементарна причина за такво нешто. И најголем бесмисол е да се очекува дека луѓето кои што веќе две години протестираат и се бунат заради тоа што сметаат дека минатите избори не биле спроведени на начин кој што обезбедува слободно, фер изразување на сечие мислење, дека под истите тие услови ќе се создадат тие избори и дека граѓаните ќе го прифатат како нормално, демократски, дел од една држава во кој што владее правото, спроведувањето на таков вид на избори. Така што мислам дека и тие што ги спроведуваат изборите воопшто не се ни стремат кон некоја завршница, не ни очекуваат некаков епилог, едноставно ги прават работите затоа што им се може и затоа што нема некој кој што може да ги тргне од местата каде што ги издаваат тие наредби, каде што ги донесуваат одлуките, вели Најчевска.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов