ВИДЕО: Началници во МВР со десетина лица виеле оро во време на полициски час

Од:

Забава со караоке шоу и ора се виеле во тетовското село Копанце, каде присуствувале и полициски службеници за време на најдолгиот полициски час во земјава. Од снимките до кои дојде „А1он“ може да се види дека на забавата имало повеќе од десет лица, а журката траела до доцните вечерни часови. Владата со уредба го забрани групирањето на повеќе од пет лица, а тоа го прекршиле сите, вклучувајќи ги и двајцата полицајци со високи чинови во МВР, односно кои работат како началници во две различни полициски станици.

„Во првичната пријава во СВР Тетово, меѓу другото, било наведено дека меѓу учесниците на  забавата во село Копанце имало и вработени во МВР-СВР Тетово“, велат од Министерството за внатрешни работи за „А1он“.

Гласната музика која им пречела на соседите била пријавена во полицијата, но за време на интервенцијата, полициските службеници не затекнале никого, а музиката била исклучена. Уште пред тие да пристигнат, дворот за кој било пријавено дека има журка бил празен. Ова го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

„Веднаш по пријавата излезено било на местото на настанот од полициски службеници, кои по пристигнувањето не констатирале ваков случај и не биле затекнати лица“, додаваат од МВР.

Сепак, снимките до кои дојде „А1он“ покажуваат дека имало забава во тетовско Копанце, а дали имало дојава за пријавата и интервенцијата кај началниците кои биле присутни на журката, веќе испитува СВР Тетово.

„СВР Тетово интензивно ги испитува овие поединости содржани во првичната пријава и работи на расчистување на настанот“, велат од МВР за „А1он“.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска