(ВИДЕО) Нацев: Во Чаир се случи брутална ликвидација на среде улица, а убиецот и неговите помагачи се на слобода

Од:

Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција праша уште колку човечки живот треба да згаснат за Оливер Спасовски да сфати дека е неспособен да го води МВР?

– Уште колку крвави пресметки треба да се случат за Оливер Спасовски и СДС да престанат да ги штитат криминалните банди кои дивеат низ Скопје и државата. Скопје полека, но сигурно станува еден од најнебезбедните градови во Европа благодарение на Оливер Спасовски и неговите пријатели од криминалното подземје. Граѓаните се вознемирени бидејќи не знаат кога тие или некој близок може да станат жртва на мафијашките престрелки кои секојдневно се случуваат во Скопје. Наместо живот и слобода граѓаните станаа заробеници на сопствениот страв. Во Чаир во петокот целата јавност беше сведок на уште една брутална ликвидација на среде улица. Убиено беше едно лице, а уште едно со тешки повреди беше префрлено во болница. Убиецот повторно е на слобода, а на слобода се и неговите помагачи и нарачателите на овој крвав чин. За партиската полиција на Спасовски сеуште не е познат ниту сторителот ниту оружјето од кое е пукано, рече Нацев.

Тој додаде дека на слобода се и убијците и нарачателите кои го ликвидираа фудбалерот Мартин Јанушев, како и убијците и нарачателите кои летоска среде бел ден во кафуле во Струга извршиле класична ликвидација.

– Во оваа земја има слобода само за убијци и криминалци. Тие имаат директна заштита од највисокото раководство на СДС. Убијците и криминалците се во коалиција со оваа власт. Во други држави има мафија но само во Македонија мафијата си има своја држава. МВР наместо да ги гони им служи како заштита на криминалците кои одработуваа за СДС. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Оливер Спасовски за нарушената безбедносна состојба, да си поднесе оставка и да дозволи професионалците во МВР да работат на сузбивање на овие криминално мафијашки групи. Само така ќе се вратат мирот и безбедноста во Македонија, рече Нацев.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски