(ВИДЕО) Нацев: МВР со своето неделување е соучесник и помагач во бегството на убиецот на Јанушев

Од:

Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека поминаа 11 дена од ликвидацијата на Мартин Јанушев и 10 дена од пукањето врз зградата на советникот на Заев, а одговорност за сторителите се уште нема.

– Ако луѓе што брутално со оружје егзекутираат среде бел ден и после тоа 11 дена се на слобода, тогаш каква правда и каква заштита може да очекуваат граѓаните. МВР се стави во заштита на убиецот, кој е криминалец близок до врвот на власта, истиот според гласините кои кружат во јавноста и објавени во медиумите е и еден од сопствениците на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“, за која важи дека е блиска до Вице Заев, брат на Зоран Заев. Спорната „Омерта секјурити“ делува како партиска полиција на СДС, влегува по објекти, заплашува и изнудува, вели Нацев.

Според него, МВР со одолговлекувањето на истрагата овозможило убиецот да избега.

– Дали е ова одговорност само на потпретседателот Оливер Спасовски кој е министер за внатрешни работи или тоа го прави по наредба на Зоран Заев? Направени се сериозни пропусти во истрагата. МВР не превземала основни истражни дејствија и дејствија за спречување на бегство. МВР нема фото робот на убиецот, по кого трага, иако убиството е случено на сред бел ден на фреквентна локација и место на кое има повеќе безбедносни камери. МВР со своето неделување е директен соучесник и помагач во бегствотото на убиецот. МВР не само што не превземале нужни дејствија во текот на првичната фаза, туку и не распиша меѓународна потерница, смета Нацев.

Тој додаде дека се зборува за сценарио за спас на вистинскиот убиец, со тоа што ќе се плати некој ситен уличен криминалец да ја преземе вината за свирепото убиство.

– Дополнително МВР деновиве врши целосен дефокус на јавноста која се погласно зборува за блиските врскио на убиецот со врвот на власта, па истата превзема помпезни акции по ноќни локали кои завршуваат со избркани малолетници од дискотеки и пријави за гласна музика. Зошто ја потценувате интелегенцијата на граѓаните? Зошто сакате граѓаните при очи да ги правите слепи? Оливер Спасовски мора да понесе одговорност. Најмалку што може е да помогне полицијата да почне да си ја врши својата работа и да ги гони криминалците со тоа што ќе си даде оставка и ќе престане со опструкции, рече Нацев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС, ДУИ и Левица не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ