(ВИДЕО) На Маричиќ не му било пријатно кога слушнал како е исвиркан македонскиот јазик на фестивалот организиран од Груби

Од:

На вицепремиерот Бојан Маричиќ не му било пријатно кога чул како група граѓани на прославата за Рамковниот договор ја исвиркаа водителката кога таа почна да зборува на македонски јазик. Смета дека станува збор за провокации, кои секогаш ги имало. Според него, кога ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, тоа било оркестрирани, а сега не е.

„Исвирквуање на било кој јазик не е пријатно за никого. Јас како Македонец не се чувствувам пријатно. Но, провокации, секогаш имало. Последните 5 години, провокации не биле оркестрирани…..Политика која се базира на поделби, посебно меѓуетнички не може да донесе добро на државата, не може да опстане на долг рок. Се обиделе повеќе политичари и сите изгубивме. Граѓаните се доволно зрели за да не бидат подложни на вакви провокации и овие да ги сметаат“, рече Маричиќ.

Исвиркувањењето на македонскиот јазик, почна фестивалот во чест на 21 годишнината од потпишување на Рамковниот договор. Во најголем дел младата популација, се забавуваше се до моментот кога водителката на настанот, која прво зборуваше на албански, проговори на македонски, што ја изреволтира публиката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста