ВИДЕО: На „Деве Баир” запленети 13,5 килограми хероин

Од:

Полицијата заплени 13,5 килограми хероин на влезот во Македонија од Бугарија на граничниот премин „Деве Баир“ – Крива Паланка, вреден повеќе од 1.000.000 евра.

Дрогата била пронајдена под тапацирите од возачкото и совозачкото место во автомобил „Волво“ со тетовски регистерски таблици, со којшто управувал педесет и четиригодишен тетовец.

Хероинот бил спакуван во три специјално изработени фолии за да се избегне неговото пронаоѓање при рентген контролата на граничниот премин.

Тетовецот дрогата ја презел од Турчин и требало да ја транспортира во Македонија, каде турскиот државјанин требало да ја прифати и да ја транспортира до западноевропските земји, кои биле крајна дестинација.

Инаку, тетовецот и претходно се занимавал со дрога. Во 1999 година во Италија издржувал казна затвор во траење од пет години за недозволена трговија на седум килограми хероин.

Тетовецот во текот на денешниот ден ќе биде предаден на Истражен судија и ќе му биде поднесена кривична пријава за -“неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Би можело да ве интересира

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана