(ВИДЕО) МЗТ Леарница на протест: Фирмата работи незаконски, институциите молчат

Од:

Вработените на МЗТ Леаринца веќе три недели протестираат поради неисплатени плати, придонеси и здравствено осигурување, како и кршење на многу закони во фирмата.

– Протестиравме пред фирмата, но откако немаше никаков одговор од работодавците, почнавме да пријавуваме во сите инспекции, пријавивме во Управата за јавни приходи, Министерство за труд и социјална политика, трудова инспекција, јавен обвинител, во финансова полиција, но немаме никаков одговор дали преземале нешто и што се случува. Бараме од институциите да се ангажираат да испитаат дали и како таму се работело, ништо друго не бараме од државата. Бараме од владата, имаме доставено барање за средба со претседателот на Собрание, со премиерот, затоа што од институциите на понизок ранк нема одговор, рече Љупчо Чекаловиќ, претседател на синдикалната организација.

Вработените велат дека откако почнале да протестираат на улиците, добиле одговор од кабинетот на Емил Димитриев дека сите институции се на терен и дека инспекторите работат на случајот, но ефект до сега нема.

– Оставаме на институциите, тоа е и нивна должност сами да вршат контрола без наше барање. Кај нас се работи незаконски со години, никој не преземал ништо, рече Чекаловиќ.

Револтирани од нефункционалноста на институциите, вработените во МЗТ Леарница велат дека доколку и после пријавите не се преземе ништо, ќе одат до крај со порадикални мерки.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски