ВИДЕО: МВР пронајде арсенал со оружје

Од:

Министерството за внатрешни работи, врз основа на добиени оперативни сознанија, презеде две организирани акции во с.Четирце-Куманово и с.Патишка река-Скопје во кои беше откриена поголема количина на оружје и муниција.

Врз основа на изготвен План и издадена Наредба од Истражен судија при Основен суд Куманово, од страна на полициски службеници од Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за антитероризам и деминирање, извршен е претрес во домот на П.С. во Куманово и куќа и други помошни објекти во с.Четирце-Куманово користени од него ( во сопственост на неговиот дедо).

При извршениот претрес, закопани во дворот на куќата во с.Четирце-Куманово, беа пронајдени: 2 противтенковски антимагнетни мини со 6 запалки за истите, 3 рачни фрлачи-ЗОЉА, 6 рачни бомби (2 од типот М75 и 4 од типот М52-Р3), и 6 кутии со 90 куршуми со калибар 7,62 мм за автоматска пушка. Исто така сокриена во помошна просторија на куќата (плевна) беше пронајдена, една автоматска пушка марка М70АБ2. Рамка со 30 куршуми за автоматска пушка, тромблонски додаток и прибор за чистење за автоматска пушка се пронајдени прикриени на друга локација во дворот на куќата.

Пронајденото оружје, муниција и минскоексплозивните средства, од страна на стручни лица од Одделот за антитероризам и деминирање се подигнати и предадени на вештачење во ОКТ при МВР. При извршениот службен разговор, П.С. изјавил дека оружјето и минскоексплозивните средства спакувани во вреќи во 1999 година му го донел на чување неговиот другар Ј.С.(32) од Куманово, кој истото требало да си го земе веќе наредниот ден, но до ден денес не го сторил тоа.

Од страна на Единицата за недозволена трговија со оружје и опасни материи, против П.С.(35) и Ј.С.(32) и двајцата од Куманово е поднесена кривична пријава до ОЈО – Куманово за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи„ предвидено и казниво по член 396 став 2 од КЗ на РМ. П.С. е приведен во СВР Куманово и заедно со кривичната пријава е предаден на надлежен истражен судија од Куманово од чија страна му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Според добиени сознанија второпријавениот Ј.С. се наоѓа на привремена работа во странство (Авганистан) и не е достапен, а од страна на надлежниот Истражен судија, во отсуство му е одреден притвор од 30 дена.

Во вториот случај, Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Х.А.(22), З.К.(52) и З.Ј.(53), тројцата од с.Патишка река-Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од КЗ на РМ. При реализацијата на случајот пронајдени се и одземени поголема количина на огнено оружје, муниција и маскирни униформи.

Имено, по долготрајни дополнителни оперативни проверки и опсервации во врска со недозволено држење оружје и по претходно обезбедени судски наредби за претрес на дом и други простории, на подрачјето на с. Патишка Река беа извршени претреси кај 5 лица, и при тоа во домот на Х.Р.(60) е пронајдено и со потврда за привремено одземени предмети од истиот се одземени една рамка за автоматска пушка, еден оптички нишан, модел „Хубертус 4 х 20“, еден оптички нишан, модел „Таско“ 1 х 40, два куршуми кал. 9 мм, еден куршум кал. 7,62 мм, како и 27 куршуми кал. 7,62 мм маневарска муниција. Исто така при претресот кај Х.Р. се пронајдени и 68 куршуми (патрони) кал.16мм, 157 куршуми кал.7,9мм, 39 куршуми кал.7,62мм – долго зрно, 76 куршуми кал.5,60мм (малокалибарска муниција), една рамка за пиштол, една пушка „Карабин“ кал.7,9 мм со оптика „Кокнкоро“, една пушка „Карабин“ кал.7,9мм, една пушка ПАП кал.7,62мм, една воздушна пушка „Гамо“ кал.4,5мм, кои со потврда се одземени од неговиот син Х.А.

Кај З.Ј.(53) при извршениот претрес истиот не беше присутен, односно беше присутна неговата сопруга и од истата со потврда се одземени две автоматски пушки кал.7,62мм, два оквири за автоматски пушки, еден звучно – сигнален пиштол „Blow“ со две рамки, една ловна пушка „Монте Карло“ и еден револвер (стартер) кал.9мм, како и 50 куршуми кал. 9 мм соодветни за стартниот пиштол.

Кај A.A.(27) е пронајден пиштол „Ekol Jackal Dual“ кал.9мм и рамка за истиот, за што ке биде поднесен соодветен поднесок.

Кај А.Н.(21) е пронајден пиштол „Еkol Aras Magnum“ кал.9мм, 8 куршуми кал.9мм и една чаура од автоматска пушка кал.7,62мм, за што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он