(ВИДЕО) Мустафаоглу: Градот брои само прелетани хектари, не го интересира ни со што, ни дали ефективно и воопшто се прска против комарци

Од:

Советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, на денешната прес-конференција отвори повеќе прашања за начинот на кој Град Скопје ја спроведува превенцијата од комарци и западнонилска треска, посочувајќи дека јавно достапната документација остава сериозни празнини околу навременоста, контролата и ефикасноста на мерките.

Мустафаоглу ја оспори тезата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека активностите се спроведуваат согласно Годишната програма за превентивна дезинсекција. Делот од Програмата за 2026 година што се однесува на дезинсекцијата е сведен на општи дефиниции за ларвицидна и адултицидна дезинсекција, начелно наведување дека третманите ќе се вршат авионски и терестично и буџет од 40 милиони денари. Во неа нема конкретна динамика на третманите, почеток на сезоната, средствата за прскање, мерливи критериуми за интервенција ниту показатели според кои може да се утврди дали извршеното прскање било успешно.

„Кога зборуваме за превенцијата и за тоа дали Градот навремено делувал со прскањата, дури и документацијата на Град Скопје го демантира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски“, истакна Мустафаоглу.

Таа посочи дека Договорот со Центарот за јавно здравје – Скопје за терестична дезинсекција е склучен на 10 јуни, додека техничката спецификација предвидува сезонски третмани што започнуваат порано. Договорот со Аероклуб Скопје е склучен на 23 април, иако во техничката документација ларвицидната сезона е предвидена уште од март.

Мустафаоглу посочи и на отсуството на јавно достапни податоци со кои може да се провери што навистина е употребено при третманите. Според достапната документација, реализацијата главно се следи преку прелетани хектари, додека Градот не го засега за точните препарати, количините употребени при секој третман, дозата по хектар, начинот на апликација и резултатите со кои се докажува ефектот.

На прес-конференцијата беше отворено и прашањето за чистењето на каналите како превентивна мерка. Мустафаоглу обзнани дека за 2026–2028 година е донесен Развоен план за одржување на коритото на Вардар, неговите притоки, отворените канали, езерцата и каналите во Градскиот парк и за расчистување диви депонии, но оцени дека и овој документ е паушален, општ и не содржи ниту конкретна динамика за тоа кога и како ќе се чистат каналите.

Според документите на ЈП „Улици и патишта“, во извештајот за 2025 година се прикажани чистење на косините на коритото на Вардар и една интервенција на коритото на Серава во септември, но не и чистење на каналите. Истото, според Мустафаоглу, се гледа и во полугодишниот извештај за 2026 година, каде повторно се евидентира чистење на косините на Вардар, но не и на каналите.

Поради недостигот од информации и отсуството на одговори од надлежните институции, советничката група на Левица доставила барање за пристап до информации од јавен карактер. Со 14 прашања се бараат, меѓу другото, записниците за извршените авионски и терестични третмани, информации поврзани со средствата што се користат при дезинсекцијата, како и податоци за чистењето на каналите.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски