(Видео) Муцунски: Две години поддршка за младите, образовниот процес и спортските клубови

Од:

Аеродром заслужено го носи епитетот на најспортска општина, каде во континуитет се инвестира во проекти кои ги поддржуваат спортистите и спортските клубови, а две години се реализираат сериозни проекти за унапредување на образовниот процес. Поддршката за спортот и реконструкцијата на образовната инфраструктура беа дел од најважните работи кои ја одбележаа првата половина од мандатот на градоначалникот Тимчо Муцунски.

Во изминатите две години учениците од неколку училишта имаа можност да учат во посовремени услови, а сите ние да заедно да навиваме за македонскиот шампион МЗТ кој е вистинска гордост на Аеродром и сите кои живеат тука. Инвестиравме и во нов спортски терен за младинската школа на Вардар со што дадовме директна поддршка клубот кој е македонски спортски бренд.

Во делот на унапредување на образовниот процес, обезбедивме парична поддршка за секое прваче, за тие од четврто одделение обезбедивме бесплатни таблети, сите ученици добија бесплатни униформи, а на наша особена гордост, над 2000 дечиња од прво одделение и дечиња со попреченост добија можност бесплатно да посетуваат часови пливање.

Повеќе од 130 милиони денари беа инвестирани во подобрување на образовната инфраструктура и наставните содржини за учениците и наставниот кадат. Овозможивме образование каде сите се еднакви и затоа денес Аеродром е првата општина која има училиште кое обезбедува услови за целосно инклузивна настава.

Во изминатиот период поставивме фотоволтаици на крововите во сите основни училишта, ја реконструиравме внатрешноста и надворешноста на основните училиште „Браќа Миладиновци“, „Блаже Конески“, и „Љубен Лапе“. Реализиравме низа инвестиции во основното училиште „Лазо Ангеловски“ со што тоа стана целосно инклузивно, ги уредивме дворовите на „Браќа Миладиновци“ и „Блаже Конески“ и ја направивме првата училница на отворено, како и спортско-едукативен полигон во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.

Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината на Аеродром и Македонија и тие со ист интензитет продолжуваат и во следниот период. По 15 години, почнавме со реконструкција на подрачното основно училиште „Гоце Делчев“, а во текот на 2024 година треба да почне и доградбата на ООУ „Блаже Конески“ и „Гоце Делчев“, за кои веќе се изработени идејните проекти.

Би можело да ве интересира

Муцунски најавува изненадување во следните шест месеци во визната политика на САД кон земјава

Катерина Ѓуровски

Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели Муцунски

Муцунски за инцидентот пред Бугарската амбасада: Се работи за изолиран случај

Катерина Ѓуровски

Муцунски со поддршка за нападот на САД, со фалби за Трамп и Рубио

Муцунски: Нашето место е во Брисел – билатералните блокади не смеат да ја кочат европската иднина

Средба Муцунски-Сијарто на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена