(ВИДЕО) Мост со 3.200 набљудувачи на избирачкиот процес

Од:

Граѓанската асоцијација „Мост“ првиот круг од локалните избори утре ќе ги следи со околу 3.200 набљудувачи, број со кој ќе се покрјат околу 50 проценти од гласачките места во Република Македонија, како и 50 проценти од гласачките места во рамки на секоја општина.

Набљудувачите на „Мост“ ќе бидат статични, информираше на денешната прес – конференција извршниот директор Дарко Алексов, а мобилни тимови ќе ги набљудуваат повремено оние места на кои нема да има статични набљудувачи.

„Мост“ денеска го набљудува и предвременото галсање на болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените, лицата во затвор и во куќен притвор.

Препознатлив белег за набљудувачите на „Мост“ ќе бидат жолтите маици и акредитациите од ДИК истакнати на видно место.

Од „Мост“ упатија апел за одржување фер, слободен и мирен изборен процес и ги информираат граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности оти можат да се јават на бесплатната телефонска линија 080 080 080.

Амбасадорите на Германија, на Холандија и на Велика Британија, во Република Македонија Гудрун Штајнакер, Мариет Шурман и Кристофер Ивон, кој го поддржуваат проектот на оваа граѓанска асоцијација „Домашно набљудување на локалните избори 2013“, ги повикаа граѓаните да излезат на избори и слободно да ја изразат својата волја.

Овие избори, смета амбасадорката Штајнакер, се најблиску до граѓаните и во таа насока, рече, се надевам дека голем број гласачи ќе го искористат своето право и ќе излезат на гласање, затоа што е многу важно да се практикуваат деморкатските права.

– Задоволство ни е да ја поддржуваме „Мост“ не само во набљудувањето, туку и да придонесеме овие избори да ја покажат подготвеноста на демократскиот дух на вашата земја и подготвеноста за влез во ЕУ, за што се надевам дека ќе биде направен некој прогрес оваа година во таа насока, рече на прес – конференцијата Штајнекер.

Амбасадорката Шурман ги повика сите граѓани утре на локалните избори слободно да се изразат, а сите инволвирани чинители, како што рече, да им овозможат на граѓаните слободно да го остварат своето право на тајно гласање.

Важноста на мирни, спокојни и професионални локални избори ја потенцира и британскиот амбасадор Ивон, кој изрази надеж дека утре граѓаните ќе го искористат правото на глас.

ВИДЕО: 24 Вести

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар