(ВИДЕО) Мојсовски: Со 69,5 милиони денари ја реконструираме салата „Партизан“

Од:

Наумче Мојсовски, претседател на Комисија за спорт на СДСМ, вели дека Владата и во време на светска економска криза, продолжува со инвестиции за унапредување на спортската инфраструктура.

„Започна реконструкцијата на спортската сала Наум Наумоски Борче, популарно позната како „Партизан“ во скопски Карпош.

Со 69,5 милиони денари од државниот Буџет овој важен спортски објект ќе биде целосно реконструиран, модерно уреден со нови содржини.

Салата „Партизан“ повторно ќе биде достапна за спортските клубови и рекреативци од Карпош, но и од цело Скопје.

Реализиравме уште едно ветување дадено пред граѓаните, го враќаме сјајот на овој репрезентативен објект важен за карпошани, важен за скопјани.

СДСМ продолжува да се грижи за спортот и да ја развива спортската инфраструктура во секоја општина, во секое населено место“, вели Мојсовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО