(ВИДЕО) Мојсоска: Црна кампања против Левица докажува дека власта се плаши од нашиот раст

Од:

Актуелната пратеничка од Левица и кандидат за Градоначалник на Струга, Јована Мојсоска, обвини дека власта води црна кампања против Левица, токму затоа што, Левица бележи раст и сѐ поголема поддршка од граѓаните.

„Токму преку Левица во изминатиот мандат беа поднесени бројни иницијативи до Советот на Општина Охрид. За жал, како што се случува и во Собранието поради теснопартиска суета, голем дел од нашите иницијативи беа одбиени и тука во Советот на Општина Охрид“ – изјави Мојсоска за време на народниот собир во Охрид викендов.

„На овие избори очекуваме дека Левица ќе порасне со бројот на советници и ќе биде фактор, без кој нема да може да се состави мнозинство во советот. На тој начин, единствено ние можеме да истуркаме повеќе проекти кои се дел од програмата на Левица и од интерес на граѓаните на Охрид“ – додаде Мојсоска.

Според неа, додека власта води негативна кампања против Левица, на локално ниво, во Советот на Охрид, може да се види дека ВМРО-ДПМНЕ соработува со советниците од ДУИ.

„Додека власта води црна кампања против Левица, тука во советот на Охрид сведочиме како ДПМНЕ е во коалиција токму со советниците од ДУИ, ние сведочиме како градоначалникот Пецаков делеше тендери на локалните шерифи од ДУИ. Но, ваквата црна кампања покажува дека власта се плаши и само го докажува нашиот раст, кој мислам дека ќе кулминира и на овие локални избори“ – рече таа.

Би можело да ве интересира

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он