(ВИДЕО) Мизрахи: Учениците се снаоѓаат како умеат да дојдат до учебник, а веќе е 25-ти септември

Од:

„Министерството за образование и наука и Педагошката служба и оваа година не направија напредок за навремена достава на учебниците

Учениците се снаоѓаат како умеат и знаат да дојдат до учебник, а веќе е 25-ти септември од оваа учебна година.

Министерството изјавува „Постапката за избор на компанија која ќе ги испечати количините согласно барањата на училиштата „е во тек“ и заради „троми тендерски постапки“ задоцниле со целокупната постапка. Во превод тоа значи дека техничкото наддавање е завршено и се чека на избор на понудувач“, рече Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали можеби тромоста на тендерската постапка како што велат во превод може да се најде во тежината на тендерот кој што тежи некаде околу 5 милиони евра односно 330 милиони денари од кои што 55 милиони денари за превод, а 270 милиони денари за техничкото изготвување на учебниците.

Дополнително, тоа “Мало задоцнување“, значи дека учебниците би ги добиле учебниците некаде на 20-ти јануари 2020 година, односно на почеток на второто полугодие на учебната 2019/2020 година.

Ова е секако доколку тендерот овој пат биде успешен поради тоа што истиот е неколку пати поништуван поради незадоволување на некои непишани критериуми.

Министерот и МОН се должни да понесат одговорност за девастирањето на образованието.

Учениците и нашите деца не се предмет на тендерски игранки. Дополнително, девастацијата во образованието, како и негрижата за наставниот кадар и конечно негрижата за учениците, нашите деца се очигледно карактеристика на оваа власта која што цени дека треба да се уништи фундаментот и иднината на Република Македонија, тоа се нашите уценици, нашите деца“, изјави Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски