„ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни во нивните ставови и ги лажат и помалите политички партии, ги лажат и граѓаните. Прво, зборуваа и за намалување на бројот на пратеници, а сите знаеме дека до пред три години имавме дополнително уште три пратеници од дијаспората со што нивниот став се докажува дека е лажен и лицемерен, дополнително кога зборуваме за намалување на бројот на пратеници од 120 на 90 сите знаеме и тие знаат дека за тоа треба да има уставни измени односно во Уставот е регулирано дека бројот на пратениците може да биде од 120 до 140 пратеници“, одговори на новинарско прашања, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.
„И освен што се лицемерни и освен што лажат со отварањето на Уставот прават дополнителна штета на државата затоа што во овие турбулентни времиња за тоа прашање треба посериозен разговор, разговор помеѓу сите политички партии, помеѓу сите пратенички групи, разговор којшто треба да обезбеди консензус пред да се даваат било какви изјави и пред да се пуштаат било какви предлози и во собраниската процедура, меѓутоа и во јавноста. Третата работа за којашто исто така сакам да зборувал и сум кажал досега веќе неколку пати, прво предлогот за една изборна единица знаете дека е предлог уште од 2016 година и лицемерието и лажењето од ВМРО-ДПМНЕ што сите знаат, граѓаните знаат дека тогаш тој предлог беше блокиран со илјадници амандмани, а тоа беше пред изборите во 2020 година некаде февруари месец кога ВМРО-ДПМНЕ предлогот за една изборна единица отворен пуштен во процедура за којшто исто така требаше да се разговара го блокираа со илјадници амандмани за да не дојде воопшто до разговор на таа тема. Третата работа или четвртата којашто ја спомнуваат е укинувањето на техничката Влада или на пржинската Влада и кажавме и претходно и стоиме на тоа и денес за сите овие прашања дека треба да се обезбеди консензус, а ВМРО-ДПМНЕ таков консензус нема обезбедено досега ниту со нивниот коалиционен партнер Алијанса за албанците. Нашииот став уште еднаш да го повторам е јасен дека за сите овие прашања треба да разговараме да се отвори дијалог, да се отвори начин за да обезбедиме консензус, начинот може да го најдеме, имаме време за тоа со оглед што изборите ќе бидат во 2024 година, заедно сите со консензус да обезбедиме квалитетни законски решенија кои ќе значат поголема демократизација на државата“, додаде Митрески.
