(ВИДЕО) Митрески: Политиките на СДСМ носат нови работни места, поголеми плати и повисок животен стандард

Од:

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески на пресконференцијата рече дека политиките на СДСМ носат нови работни места, поголеми плати и повисок животен стандард.

„Во следниот мандат се посветуваме на економијата како наш врвен приоритет. И токму затоа таа е првиот столб во нашата програма. За следниот мандат, отвораме нови 100.000 работни места и обезбедуваме повисоки плати за сите граѓани!“, додаде пратеникот.

Митрески нагласи дека власта за само две и пол години успеала да отвори над 67.000 реални нови работни места, и дека за следниот мандат може да ја оствари бројката од 100.000 работни места.

„Зголемувањето на вработеноста директно ќе влијае на намалување на невработеноста. Ако денес имаме стапка на невработеност од 16,6 % нашата заложба е до 2024 да се намали за повеќе од двојно и да го донесеме под 8 отсто. Исто така, заложбите за раст на платите во сите сектори, за сите граѓани продолжуваат и во следниот 4 годишен мандат“, рече пратеникот на СДСМ.

Тој зборуваше и за минималната плата како и за животниот стандард во Македонија.

„Се залагаме за минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на следниот мандат. Досега покажавме дека со СДСМ платите и пензиите растат повеќе и побрзо. Покрај платите ќе растат и пензиите и тоа за 21% . Распределено по години 6% во 2021, 7% во 2022 и 8% во 2023 година. Минималната пензија ќе порасне од 8.000 на 10.700 денари“, рече Митрески.

Пратеникот на пресконференцијата нагласи дека досега мерките во земјоделството се покажале како мошне успешни и дека затоа тие ќе продолжат по тој пат уште повеќе и подобро.

До 2024 година, власта на СДСМ ќе обезбеди целосно бесплатна „зелена“ нафта за сите земјоделци и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок кон земјоделците.

„Во следниот мандат продолжуваме да вложуваме во инфраструктурата.Ќе изградиме 260 км автопати. 300 км експресни патишта. Ќе изградиме 950 км локални патишта. Рехабилитации на 1500 км постоечки патни правци“, соопшти Митрески.

„Насочени и целосно посветени сме на развивање на држава која обезбедува достоинствен живот и пристојна живеачка за сите граѓани. Држава во која младите остануваат и напредуваат и се на исто ниво со нивните врсници од Европа. Веруваме дека кога можевме за две и пол години да ја извадиме земјата од финансиски колапс и да обезбедиме највисок раст на платите до сега, пад на невработеноста на рекордно ниско ниво, убедени сме дека во следниот мандат можеме уште повеќе и уште подобро“, додаде Митрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје