(ВИДЕО) Митрески и Шахпаска: За 2,5 години, СДСМ во Собранието донесе историски одлуки кои ги отворија перспективите и го подигнаа животниот стандард

Од:

„Како координатор на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата во Собранието на Република Северна Македонија со задоволство можам да констатирам дека за изминативе две и пол години завршивме одлична работа. За овие три години донесовме низа историски одлуки кои ја обезбедија иднината на државата и го трасираа патот на успехот, просперитетот и напредокот.

Спроведовме реформи кои гарантираат безбедност, кои гарантираат правда и владеење на правото, кои ги штитат човековите права на нашите граѓани. Со усвојувањето на Законот за јавно обвинителство и на Законот за Советот на јавни обвинители, ги заокруживме реформите во правосудството. На овие два закони им претходеа Законот за судови и Законот за судски совет со што го поставивме темелот на судските реформи. Реформи кои се поддржани и од нашите меѓународни пријатели, ЕУ и САД“, вели пратеникот на СДСМ, Јован Митрески.

„Парламентарниот состав што го предводеше СДСМ ќе остане запаметен по клучните одлуки што нашата држава, Република Северна Македонија ја вратија на светската мапа, позитивен пример на Балканот и светот, членка на НАТО и на прагот да започне преговори со Европската Унија. Но, она што со гордост можам да го кажам е дека за пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери граѓаните беа фокусот на нашето работење.

Нивните секојдневни потреби, покачувањето на платите, социјалната заштита, намалување на казните, унапредување на стандардот, олеснување на условите за бизнис се дел од мерките со кои успеавме да го подобриме нивното секојдневие. Минималната плата ја зголемивме два пати. Прво на 12.000 илјади па потоа на 14.500 денари, што е за 5.500 денари или 60 отсто повеќе од претходно кога таа изнесуваше 9.000 денари.

Ја исправивме историската неправда и го решивме статусот на стечајците, над 12 илјади стечајци земаат 8.200 денари до пензионирање. Со измените на Законот за извршување се намали делот за извршување на една петина, а целосно од извршување се изземаа најранливите категории граѓани. Ставивме крај на присилното извршување за социјално загрозените граѓани. Со Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица го решивме проблемот на старите судски и извршни предмети, со што се бришат над 10 милиони евра долгови на илјадници семејства“, изјави пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов