(ВИДЕО) Митрески: Денеска ќе дебатираме за пакет закони што ќе им помогнат на социјално загрозените лица

Од:

Пакетот закони за кои што денеска ќе дебатираме и ќе гласаме се во интерес на сите граѓани, особено за социјално загрозените лица – работниците кои примаат минимална плата, стечајците и економско ранливите граѓани, рече Јован Митрески од СДСМ и додаде дека остануваат доследни на своите ветувања и програма и дека ветувањата веќе се реализираат со конкретни мерки и законски решенија.

– На денешната седница пратениците ќе расправаат и очекуваме да ги усвојат трите законски решенија кои што ќе имаат директен и непосреден позитивен ефект врз секојдневното живеење на илјадници граѓани. Со измените и дополнувањата на Законот за минимална плата ќе се обезбеди покачување на минималната плата на 12.000 денари нето износ за сите вработени. Тоа значи усогласување минималната плата на вработените во текстилната и индустријата за производство на кожа, кои што изминативе години бea обесправени и земаa плата пониска од утврдената минимална плата, рече Митрески.

Тој додаде дека со изгласувањето на Предлог-законот за стечајците ќе се овозможи материјално да се обезбедат над 3.500 лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација на фирмата или технолошки вишок во периодот од 1995. година заклучно со 30. јуни 2017.

– Овие лица ќе имаат можност да стекнат право на паричен надомест во висина од 7.596 денари. Оваа мерка за нив ќе значи редовен приход и исправање на децениската неправда што им беше нанесена. Исто така денеска очекуваме да биде усвоена мерката за укинување на Радиодифузната такса, мерка што исто така беше дел од нашата предизборната програма. Со оглед на условите во Собранието на Република Македонија кое секојдневно се соочува со блокади и опструкции, оваа мерка се најде пред пратениците во најкусиот можен рок. СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да создаваат и спроведуваат одговорни политики и стимулативни мерки што обезбедуваат економски стабилно и одржливо општество, рече Митрески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски