(ВИДЕО) Митева: Власта да одговори до каде е дијалогот со СОНК

Од:

„Власта ја исполни својата цел после многубројните притисоци, наставниот кадар започна со настава, но одговор за тоа до каде се преговорите со СОНК се уште нема. Стана јасно за методите на власта уште во моментот кога беше поставен помирувачот. Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика Тренчевска и тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски. Владата успеа да го стави СОНК во подредена положба, а наставниците да ги деградира и понижи“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„После бројните закани кои владата ги упати кон СОНК, а истите не успеаја да ги предомислат наставниците, сепак владата изнајде начин како да го запре штрајкот повикувајќи се на Законот за мирно решавање на споровите. Власта брутално го уништи достоинството на наставниците во моментот кога се закануваа дека ќе ги загубат своите работи места, дека ќе се најде нивна замена, дека платите нема да им бидат исплатени во целост, за само еден ден после тоа да дава поддршка и благодарност до наставниот кадар. Доколку владата навистина сакаше да го реши спорот по пат на медијација тогаш тоа можеше да го стори уште пред да започне штрајкот или многу брзо по започнување на штрајкот. Нивната манипулација се гледа и денес кога молчат и не ја информираат јавноста до каде се преговорите, дали и каков напредок е постигнат, кој е предлогот на Владата за решавање на проблемот?

Власта е должна на јавноста да и одговори што се влегло во т.н. преговарачка рамка, а не да се надева дека јавноста ќе заборави и нема да има потреба од дополнително информирање.

Измама и злоупотреба на наставниот кадар нема да дозволиме, бараме владата да одговори до каде е дијалогот на власта со СОНК?“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ