(ВИДЕО) Митева: Шилегов спровел јавна набавка за промоција на кампањи во вредност од скоро 8 милиони денари

Од:

„Шилегов спровел јавна набавка за промоција на кампањи за посебни проекти на Град Скопје во вредност од скоро 8 милиони денари“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, на 11.02.2021 година склучен е договор за подготовка и имплементација на промоција на кампањи за посебни проекти за активностите на Град Скопје за 2020/2021 година. Подетално, станува збор за изработка на медиа план за закуп на рекламен простор односно билборди и светлечки реклами, план за закуп на рекламен простор на веб портали и социјални мрежи, како и дистрибуција на рекламни материјали. Од друга страна, станува збор за нетранспарентен процес во кој не се наведени оние посебни проекти кои Шилегов сака да ги промовира“, кажа Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оттука, сосема легитимно се поставува прашањето дали станува збор за предизборна кампања на Шилегов која е финансирана од буџетот на Град Скопје во вредност од 130.000 евра?

Почитувани, никаде нема образложение за кои проекти ќе се користи оваа кампања. Јасно е дека пред се проекти нема, па затоа за истите се користи терминологијата посебни проекти на Град Скопје.

После фрапантните цени на јавните набавки за клупи, чешми, садници, противпожарно возило сега Шилегов реализира јавна набавка за кампања во изборна година, повторувам во вредност од 130.000 евра!

Внимавајте, целта дефинирана во техничката спецификација е да ја зголеми општата свест кај граѓаните за посебните проекти и активности на градот и да ги информира и едуцира соодветните целни групи преку зголемување на видливоста на посебните проекти и активности на градот. Целта е погрешна, ниедна кампања не може да го претстави Шилегов во поразлично светло. Делата говорат за неспособноста и неработењето на Шилегов. Скопје изгуби 4 години. Да запреме тука, да запрат скандалозните јавни набавки во општините проследени со енормно високи цени, а да продолжиме со работа и реални заложби за нашиот град.

Залудни се напорите на Шилегов, ниедна кампања не може да го скрие неговиот неуспех“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик