(ВИДЕО) Митева: Преку проектот за дигитализација во образованието се потенцира економската и социјалната нееднаквост

Од:

„Мила Царовска продолжува со својата мисија за спроведување на дигитализација која Република Македонија ќе ја чини неколку милиони годишно, наспроти целиот скептицизам кој е презентиран во јавноста.

Со овој концепт уште повеќе ќе дојде до социјална и економска нееднаквост во општеството, а директно на штета на најмладите.

Вакво класно раслојување воведува токму Министерката која пред не цели две години секојдневно не убедуваше дека иднината на општеството е токму во справување и искоренување на овој феномен“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Класното раслојување ќе има и психолошки последици врз децата, токму ова се посочува во сите аргументи од страна на најзасегнатите.

Дополнително, техничко технолошките можности на основните училишта во Република Македонија се далеку од спремни за воведување и имплементација на ваква концепција.

СДСМ и Царовска се обидуваат на сила да ги протуркаат ваквите скандалозни и енормно скапи концепти, притоа изоставувајќи го Уставно загаратнтираното право за еднакво образование за сите.

Во целиот свој мандат, Царовска практикува неконзистентен начин на работа, а тоа во образовниот процес е недозволиво. Преку промената на наставниот процес, од настава со физичко присуство кон онлајн и обратно, од промена на наставната програма и програмските содржини на учебниците, од необезбедувањето соодветни услови за сите да ја следат наставната програма, па се до оваа скандалозна одлука за дигитализација, а притоа укинувајќи ги учебниците.

Ова јасно укажува на непостоење на јасна концепција, како за примарното, така и за секундарното образование и е доказ за експериментите кои се случуваат во образованието се со цел за задоволувањето на личните мотиви.

Ќе биде ли дигитализацијата уште еден неуспешен, а финансиран проект како националната платформа?

Додека се повикувате на други држави, редно е да ги слушнете и нивните искуства. Во Финска, процесот е обратен, каде и покрај воведената дигитализација, книгата е основното и примарно средство за едукација, а што е најважно, тие во моментов, а и во иднина ќе преземаат активности кои ќе придонесат учениците да поминуваат помалку време пред дигиталните уреди.

СДСМ е добро позната политичка партија чии кадри повеќе располагаат со ароганција, отколку со вистинско знаење“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица