(ВИДЕО) Митева: Последиците кои произлегуваат од преговорите со Бугарија се резултат на катастрофалните политики на СДСМ, Ковачевски и Османи

Од:

„Уште еднаш се потврди дека општата загриженост за начинот на кој се водат преговорите во Бугарија од страна на владата на СДСМ е оправдана. Уште еднаш се потврди дека последиците кои произлегуваат од преговорите се резултат на катастрофалните политики на Владата“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште еднаш Бугарија има причина плус да прогласи успех, додека власта во Македонија има причина повеќе за молк.

Уште еднаш се потврди дека за штетните политики македонската јавност дознава од соопштенија на бугарските власти. Таканаречениот успех е уште еден пораз за македонската историја, за македонскиот идентитет и за македонската посебност. Владата на Ковачевски молчи, додека бугарската страна слави за успех во преговорите со историската комисија. Таканаречената позитивна атмосфера во преговорите овој пат резултира со договор за Цар Самоил. СДСМ, Ковачевски и Османи безидејни како да го прикријат ова со денови одбегнуваат да дадат конкретни одговори на македонската јавност. Ниту граѓаните, ниту пратениците не се информирани што е договорено во историската комисијата и за кој напредок Бугарија прогласи успех.

Што содржи овој таен договор, дали се откажаа од јазикот и кој е договорот за Цар Самоил. Нетранспарентноста на власта во преговорите ги доведува во прашање националните интереси на Македонија.

Ковачевски и Османи ги водат преговараат кои задираат во македонскиот идентитет, јазик и историја зад затворени врати и тоа само ги потврдува сомнежите на граѓаните.

Ковачевски е должен да ја информира јавноста што до сега се преговарало, а Османи истото да го стори тоа пред пратениците во Собранието“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела