(ВИДЕО) Митева: Новиот тендер од три милиони евра од Пановска на Пановски е уште еден доказ за недовербата во здравствениот систем

Од:

Договорите за набавка кои ги склучува веледрогеријата Д-р. Пановски, каде сопственик е таткото на Ирина Пановска Ставридис, инаку директор на Клиниката за хематологија од истата таа клиника се пракса која раѓа недоверба во целокупниот здравствен систем. Новиот тендер од 3 милиони евра е уште еден доказ за тоа, изјави денеска Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Јавноста чека одговори за тоа како и зошто во Македонија има само еден овластен добавувач на потребните лекови, дали тоа не е монополизација на процесот? Дали доделување на тендери од еден член на фамилијата кој раководи со институцијата на друг член од фамилијата кој е понудувач не се отвара можност за злоупотреба или попречување на процесот на еднаквост? Дали една дадена изјава за изземање од процедурите е доволен показател дека не станува збор за судир на интереси? ЈЗУ УК за хематологија наместо да поставува прашања до политичка партија, би било добро да и одговори на јавноста колку тендери добила веледрогеријата Д-р. Пановски само изминативе години додека неговата ќерка раководи со клиниката, колку тендери се добиени од Министерството за здравство во истиот тој период и уште поважно колку е вредноста на тие тендери – праша Митева.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он