(ВИДЕО) Митева: Наместо да дава награди, Ковачевски да побара оставка од директорот на ФЗОМ

Од:

„Ковачевски наместо да дели награди, да побара оставка од директорот на ФЗОМ, Фатон Ахмети, кој користеше одмор и беше во партиска посета во САД додека институцијата со која раководи имаше крахиран систем и владееше неизвесност дали податоците на осигурениците воопшто ќе можат да бидат вратени“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Скандалозно е што државна институција, како ФЗОМ, која ги има здравствените податоци за сите граѓани на државата нема бекап меморија, и се е ставено на еден систем, иако државата има ИКТ центар во Прилеп, каде фондот можел да ги зачува своите податоци.

Немањето бекап на податоците на ФЗОМ е неверојатно коцкање со животите на граѓаните, кое може да го прави само СДС и ДУИ. Со немање бекап се става на ризик цел систем, кој може наеднаш да крахира целосно и да предизвика долгорочен застој.

Доколку односот со податоците на осигурениците беше за степен попрофесионален, воопшто немаше да има паника изминативе денови, осигурениците ќе можеа редовно да пристапат кон податоците и информациите кои им се потребни, а лекарите ќе можеа навреме да земат плата.

Тоа што системот нема бекап е вина пред се на директорот на ФЗОМ, кој е платен со народни пари за да менаџира со институцијата.

Директорот Фатом Ахмети покажа дека воопшто не му е грижа за ФЗОМ и затоа наместо веднаш да се врати во Македонија и да работи на санирање на штетата која е настаната и поради неговата неспособност, тој кусо ја информираше јавноста дека како кадар на ДУИ е во партиска посета на школа за лична надградба. Што значи не го пратила државата, ниту институцијата, таму е по сопствен избор, и за тоа користи годишен одмор.

Ковачевски, како и до сега, кога станува збор за кадрите на ДУИ во институциите или ги наградува или молчи, а не смее да преземе чекор, а не пак да побара оставка. За ден повеќе власт, спремни се да ги одмолчат и нај круцијалните грешки кои се на штета на државата“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ