(ВИДЕО) Митева: Истите обвинители поради кои државава е најкриминална во Европа сега се со нов мандат, зошто седницата не се пренесуваше јавно?

Од:

„Истите обвинители кои до сега не го гонеа и не го штитеа организираниот криминал добија нов мандат. Со истите овие обвинители и оваа власт на СДСМ и ДУИ Македонија стана најкриминална држава во Европа според сите мерења. Тоа е заслуга на истите обвинители кои денес одново добија функција. Ова се истите обвинители кои прогледуваа низ прсти на Ден Дончев и го пуштија да избега“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Истите обвинители пуштаа на слобода и се откажуваа од гонење на осудени криминалци, мистериозно од затвор ослободуваа учесници во сообраќајни несреќи, не ги спроведуваа основните сомненија за злоупотреба од Зоран Заев и целиот негов тим за сите тендери во РЕК, за случајот „Рекет“, случајот „Дака“ и десетици други скандали.

Поради истите овие обвинители нема одговорност за поделените пасоши за криминалците кои доаѓаат од целиот свет.

Првиот човек за гонење на организираниот криминал Рускоска треба да одговори зошто изборот на јавни обвинители не беше пренесуван јавно и зошто целиот процес не беше транспарентен? Дали и што сакаа да сокријат со изборот на ваквите обвинители“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела