(ВИДЕО) Митева: Градот Скопје со Шилегов наместо проекти за скопјани, финансира здруженија кои се сомничат за педофилија

Од:

„Денес уште еднаш ќе ја објавиме вистината која Шилегов се обидува да ја премолчи пред јавноста. Почитувани граѓани, скандалозниот камп кој бил организиран од првиот скопски извиднички одред e проект финансиран од Град Скопје и во 2021-та година! Ова е документ, информација испратена до директорите на средните училишта на Град Скопје за тоа кој проекти се избрани на јавен повик и финански и поддржани од Град Скопје. Во овој документ јасно е наведено дека проектите се насочени кон остварување на програмските цели на Град Скопје во областа на образованието“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Залудно се трудеше Шилегов да ја одбегне одговорноста, скандалозниот камп и настаните кои се случиле се финансирани од Град Скопје и тоа јасно се гледа од овој документ кој ќе го доставиме до медиумите и јавноста.

Ова е доволен показател дека Шилегов е еден од одговорните чинители во овој процес. Застрашувачки е фактот што Шилегов неколку дена наназад се обидуваше да се огради, ја лажеше јавноста велејќи дека не бил запознаен со спорната активноста.

Дополнително, Шилегов тврдеше дека учесниците не биле организирани од средните училишта. Шилегов манипулираше со јавноста, но пред се со загрижените родители кога тврдеше дека настанот го шокирал и него, а од ова јасно се гледа дека тој знаел, го одобрил и финансирал проектот со скандалозна содржина.

Дополнително, овој проект е еден од програмските цели на градот Скопје. Шилегов тврдеше дека ја споделува загриженоста и осудата за настанот, обидувајќи се да ја одбегне одговорноста која ја има. Со раскинувањето на договорот Шилегов даде директно признание.

Очекувано е градот Скопје да се грижи и да фининасира проекти кои ќе овозможат развој на младите во Скопје, но Шилегов финансира проекти чија содржина задира во целокупниот развој на младите средношколци.

Работењето на Шилегов мора да биде предмет на ревизија. Одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните мора да има“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски