(ВИДЕО) Митева: Филипче како пратеник и министер пријавил различни анкетни листови за имот стекнат и пред да биде на државна функција

Од:

Венко Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер. Анкетниот лист на Венко Филипче покажува дека неговиот имот се зголемил за 150.000 евра во период од две и пол години. Што правел Филипче за имотот да му се зголеми за цели 150 илјади евра? Пресметките од последниот анкетен лист на Венко Филипче, доставен на 28 јуни 2024 до Комисијата за спречување корупција како пратеник, покажуваат дека тој поседува имот вреден 850 илјади евра. Кога ќе ги погледнеме деталите ќе забележиме дека Венко Филипче всушност крие и манипулира со голем имот, изјави Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година и проценета на 27,8 милиони денари, како и стан од 130 м2. проценет на 7,8 милони денари стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.

Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје вреден 12 милиони денари стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година вреден 3 милиони денари, кој исто така не го пријавил додека бил министер. Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во Анкетниот лист додека бил министер, и стан во Центар вреден 3 милиони денари стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер.

Можеме да разбереме дека Венко Филипче го продал имотот кој го имал кога бил министер, и тоа не е спорно доколку го нема во новиот Анкетен лист. Но никако не можеме да разбереме како во Анкетниот лист на пратеникот Венко Филипче се нашле 5 стана во Скопје, за кои напишал дека ги поседува пред да стапи на функцијата министер, а не ги пријавил додека истата ја извршувал. Криел ли Венко Филипче имот? И дали се уште крие? Ја повикуваме ДКСК во најбрз можен рок да ги мечира базите на податоци од Анкетните листови на Венко Филипче како министер и Венко Филипче како пратеник и сето она што е наведено како негов имот сега, а го поседувал пред да стане министер и не го пријавил да докаже како го стекнал. Го повикуваме и ЈО сериозно да се занимава со Анкетниот лист на Венко Филипче и како наеднаш во него се појавува стар имот, кој претходно никогаш не го пријавил – истакна Митева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче се гордее со Зоран Заев и учи од него

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата