(ВИДЕО) Митева: Бизарен е обидот на Ковачевски од виновник да се престави како жртва

Од:

„Бизарен е обидот на Ковачевски од виновник да се престави како жртва. Ковачевски од ден на ден влегува во непресметени лаги и манипулации, колку повеќе станува нервозен толку повеќе лаги кажува“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од една страна на најдолен можен начин навредува пратеничка во Собранието, а од друга страна го злоупотребува сопственото семејство, со една цел – да одвлече внимание од неговите испади и вербални напади со кои секојдневно се служи. Искрено жалиме што во дневната политика самиот Ковачевски ги вовлече и своите најблиски сакајќи на тој начин да се виктимизира и да се одбрани од критиките. Она што дополнително вознемирува е фактот што Ковачевски ги осудува медиумите или граѓаните кои ги коментираат неговите изјави кога тој ја вмешува неговата сопруга во бизниси во енергетскиот сектор и децата за одбрана на лошите меѓународни политики.

Можеби ова за нас е една од најнепријатните прес конференции на кои треба да зборуваме за нечие семејство, но кога нападот со лага е упатен кон некој кој не сторил ништо такво единствено решение што ни останува е да ја зборуваме вистината.

Затоа што одговорноста е клучна во политиката, како и во животот. За негативните напади кон себе, Ковачевски нека си провери во својот двор, и уште еднаш нагласуваме дека е време да запре клеветите и лагите кон претседателот Мицкоски.

Ковачевски од ден во ден го покажува својот примитивен однос, го гледаме тоа и во собранието кон пратениците и на пресконференциите кон новинарите, но и кон народот воопшто. Доколку Ковачевски е нервозен за нападите кон него кои што му доаѓаат од неговиот табор не значи дека мора да се служи со изливи на шовинизам на јавна сцена.

Во исто време додека зборува за етичност Ковачевски дава насоки за напаѓање на претседателот Мицкоски со најбрутални лаги и манипулации. Ковачевски и СДС секој ден се повеќе тонат во калта која сами ја создадоа“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски