(ВИДЕО) Митева: Ако Ковачевски не знае што значи шовинизам, спремни сме да му помогнеме

Од:

„Нивото на шовинизам кон жените во политиката почнува да станува токсично со СДС. Но нивната екстремна вулгарност веќе никого не изненадува. Ако Ковачевски не знае што значи шовинизам спремни сме да му помогнеме – во оригиналната смисла на зборот, шовинизмот е екстремен патриотизам и национализам и агресивно верување во националната супериорност и слава. Особено кога таа пристрасност вклучува злоба и омраза кон соперничките групи“, соопшти Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тесно поврзано со шовинизимот е и мизогинијата за која сме сигурни дека Ковачевски никогаш не слушнал за оваа предрасуда. Ковачевски и СДС редно е да научат дека мизогинијата може да се манифестира на повеќе начини, вклучувајќи ја и половата дискриминација, оцрнувањето на жените, насилството врз жените и сексуалната објектификација на жените. И ова се најточните дефиниции кои го опишуваат однесувањето на Ковачевски кон пратеничка во Собранието.

Неговите зборови се директни навреди кои што не доликуваат никому, а најмалку на премиер. Ковачевски уште еднаш покажа дека не е достоен за позицијата која што во овој момент како поставен таму ја обавува.

Очекуваме и од останатите чинители, од политичките партии и меѓународните организации најостро да го осудат ваквиот начин на делување со што би се спречиле идни вакви дејствија. Делувајќи во рамките на нашата заедничка улога, веруваме дека насилството врз жените повеќе не може да се смета за приватна работа, напротив, сите имаме обврска преку сеопфатни и интегрирани политики, да го спречиме насилство во секоја форма! Најмалку што може да стори Ковачевски е да се извини јавно!

Да се извини затоа што никој од нас не не интересира неговиот коментар за нечиј изглед!“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски