Протестот на опозицијата денеска беше пред Управата за јавни приходи, институцијата, велат која спроведува државен рекет преку казнена политика, невидена во 20 години независна и суверена Република Македонија.
„УЈП е институција, која наместо независно и професионално да застане против криминалот, стана режимска институција на власта. Казна од 3.250 евра за 84 денари вишок во касата, 2.800 евра за вишок метални пари, се само дел од примерите за астрономските казни што инспектори на УЈП, по налогот на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, ги изрекуваат на фирми. За 6 години владеење на режимот на Груевски, во буџетот , само од казни и глоби, се собрани 99 милиони евра“, рече Горан Мисовски.
Опозицијата праша зошто операцијата Детонатор заглави во полицијата и судот, дали истрагата ќе дојдеше до ИК на ВМРО-ДПМНЕ, колку данок има платено мајката на Груевски, за становите, купени, кога син и бил министер, од каде беа 750.000 евра во шише?
УЈП, рече, е само собирач на данок од таксата за Радиодифузија.