(ВИДЕО) Мисовски: Политички е неодговорно да се поставувааат прашања до Влада во која сеуште се Ставрески и Јанкулоска

Од:

Пратениците на НСДП, на денешната 61-ва седница на Собранието, нема да поставуваат пратенички прашања до Владата на Република Македонија.

„Сметаме дека е политички неодговорно и апсурдно, да се поставувааат пратенички прашања до Влада во која сеуште седат Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска, министрите кои директно командуваа со специјалните полициски сили, кои на 24-ти декември 2012 година, на насилен и брутален начин ги исфрлија пратениците и новинарите од собраниската сала. И по пет месеци од ова противуставно и противзаконско постапување на министрите на Груевски, сеуште никој нема сносено одговорнсот.

– За НСДП неприфатливо послдеците за 24 декември да ги сноси само опозцијата, бидејќи ги исполнивме обврските кои ги презамавме од средбата со Филе, учествуваме на локалните избори и пратениците се вратија во Собранието на Р. Македонија“, изјави Горан Мисовски, НСДП.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска