ВИДЕО: Мисовски го прекина Заев на говорница, да не го крши Деловникот

Од:

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, го прекина премиерот Заев на говорница додека тој се обидуваше да одговори на прашањето на пратеникот Бајрам зошто аптеките по 15-ти во месецот ги наплаќаат лековите приватно.

– Извинете премиере, но одговорот на тоа прашање беше поставено до Министерството за здравство, а до Вас за советник Ром и треба да одговорите само на тоа прашање. Пратеникот претходно рече дека е задоволен од одговорот на министерот. Таков е Деловникот, мораме да го почитуваме, не смееме да воведуваме пракса поинаква од Деловникот, рече Мисовски, по што Заев си замина од говорницата.

Инаку, Заев одговараше на прашањето на Бајрам за вработување советник Ром во неговиот кабинет, и потоа се осврна на прашањето за недостиг на лекови. На ова Бајрам реагираше дека е задоволен од премиерот и од неговиот одговор, но дека е незадоволен од Мисовски, кој го заменуваше Џафери на денешната седница за пратенички прашања.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати