(ВИДЕО) Миси Ес: Хитлер не може да се оправи од конечниот избор на новиот градоначалник на Центар

Од:

Миодраг Мишолиќ направи анонимно интервју со Миси Ес, авторката на видеото „ Хитлер дознава за победата на Жерновски“.

„Четиринеделната политичка сага, позната како избори во општина Центар, привлече големо внимание во целата македонска јавност. А, беше инспирација и за едно мошне интересно видео, кое исто така привлече големо внимание – „Хитлер дознава за победата на Жерновски“. Станува збор за пародија на познатиот инсерт од филмот „Der Untergang“ („Пад“), зачинет со авторски „превод“. Во потписот стои „Македонец Засекогаш“, но всушност, клипчето го изработи девојка. Иако млада, таа е доволно претпазлива кон евентуалните последици поради нејзиниот хумор, па засега инсистира на анонимност, и е ја ословуваме како Миси Ес, пседоним кој ќе го користи во иднина “, пишува Мишолиќ на сајтот http://www.intervjua.com.mk.

Миси Ес и сега се смее на видеото, исто толку колку што се смеела кога си го пуштила првиот пат.

Има повеќе делови кои и се допаднале , но ги издвоја следните:
– Ќе се примети, на мајка ти ќе се примети!
– Шефе, не ја мешајте мајка ми во ова.
– Шарлатану еден, ќе мешам кого сакам!
и
– И оваа овде гласала за Жерновски!
– (плаче)
– Не се секирај, и јас гласав!

Инаку се работи за студентка, не вработена, па затоа и користи псевдоними, за во иднина да може да се вработи. Не е политички определена, не е од Центар, и искрено, по овие избори жали што е така.

„Инсистирам на анонимност делумно поради тоа што можно е да бидам разбрана погрешно. Не секој ќе го сфати хуморот кој сакам да го пренесам, туку нешто сосема друго. А, луѓето знаат да бидат сурови, кога некој не го дели нивното мислење. Секако дека инсистирам на анонимност во поголема мера поради евентуалните последици. Секој се плаши од можни последици, гледајќи каква е состојбата кај нас. Сведоци сме на време во кое медиумите, поради истата причина – страв од последици – се доста субјективни и затоа меѓу народот се познати како „перачи на мозок“. Мене, најмногу како неопределен граѓанин, но исто така и како совесен граѓанин, ми пречи ваквата состојба на замолчување во една демократска држава“, вели во Миси Ес во интервјуто.

За Миси Ес проблем е што парите во Македонија не се трошат „домаќински“. Наместо да се вложува во нови работни места, наместо да се вложува во здравството, образованието и слично, нашите пари се трошат за поставување на споменици.

„Хитлер се’ уште не може да се опорави од конечниот избор на новиот градоначалник на Центар, а најмногу поради ревизијата на проектот „Скопје 2014“. Не му е сеедно ни тоа што центарци ќе го вратат зеленилото во својата општина и што по се’ изгледа, актуелниот градоначалник ќе ужива во довербата на граѓаните подолго време“, вели Миси-Ес.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории